
На 7 октомври учениците од I-1 одд. реализираа интересна активност. Одд. раководител Фиданка Манчова учениците ги запозна со детето Зорп кое живее на друга планета и од таму со двоглед гледа дека на Земјата децата живеат здраво и среќно. Доаѓа во пријателска посета со цел да се запознае со причините кои ги прават децата здрави и среќни. Но има проблем бидејќи ниту тој ниту децата не го знаат неговиот јазик. Со цел да му помогнат децата одлучуваат да му спакуваат два куфери со слики. Во синиот куфер се пакуваат причините неопходни за живот кои секој мора да ги има за да живее. Во портокаловиот куфер се пакуваат слики на кои ги има причините кои секое дете би требало да ги има и ужива за да биде среќно.
Наставниците од актив второ одделение се придружија на иницијативата и реализираа час на кој учениците најпрво проследија текст во кој се зборува за играта во паркот .Повеќе деца се собрани во паркот и сите во исто време сакаат да играат на една иста играчка. Прво вели дека тоа има право затоа што е најстаро. Второ дете одговара дека тоа има право затоа што е женско, а друго дете вели дека тоа има право затоа што е машко. Расправата продолжува сѐ додека не се вклучи наставничката која ги слуша и им објаснува дека сите деца имаат супер моќ-тоа се нивните права. Преку презентација учениците ги проследуваат правата на деца и секое избира едно од прикажаните права и истото треба да го запише на хартија која е во форма на детска дланка. Дланките се обојани во разни бои и со тоа нагласија дека иако сите се различни, сепак сите се деца и сите ги имаат истите права. Се изработи плакат на кој се залепија дланките со напишаните права по избор на учениците.

