Предавање  на тема: Сообраќај на велосипеди

0
11

На 7 октомври ученичките Анастасија Богданова, Александра Стојанова и Тамара Јангеловска од IX-1 одд. и Мила Филипова од VII-3 одд. под менторство на предметниот наставник Лемпа Василова подготвија своја презентација на тема: Сообраќај на велосипеди и своето предавање го презентираа пред членовите на сообраќајната секција и ученици од шесто одделение. Стана збор за велосипедот како превозно средство, за ноќно возење во сообраќајот и што е потребно велосипедот да има, кои услови треба да се исполнети за да може едно лице да управува со велосипед, какви работни дејствија се вршат додека се управува со велосипед. Потоа учениците преку слики објаснија како правилно се вози, колку лица можат да седат, што не смеат возачите. Најмногу внимание се посвети на правилата бидејќи од нив зависи и безбедноста на сите ученици во сообраќајот.

Претходна објава5-ти Октомври – Светски ден на учителот!
Следна објаваАктивности во рамки на одбележување на Детската недела