Во неделата од 14 до 18 ноември на ниво на училиште се реализираа различни активности преку кои се одбележа Светскиот ден на детето. Најпрвин учениците од сообраќајната секција под менторство на предметниот наставник Лемпа Василова во училишниот двор организирано со велосипеди учествуваа во активност „Вешто возење на велосипед“. Беа вклучени 25 ученици од предметна настава.
Со учениците од VII-3 одд. се реализираше работилница на која учениците истражуваа за правата и обврските на децата и младите, сами наоѓаа мисли кои потоа беа искористени за активноста со учениците од VI-3 одд.
Предметниот наставник Ана Симонова со учениците од VI-3 одд. подготвија видео преку кое споделија порака до возрасните што им влијае негативно во однос на нивното однесување и како би сакале тие да бидат третирани како деца. Заедно со предметниот наставник Дарко Ристов и со учениците од училишниот хор ја подготвија песната We are the world (Ние сме светот) во интепретација на ученичката Мила Филипова од VII-3 одд. Песната беше снимена и споделена на fb страната на училиштето.
Одделенскиот раководител Дивна Јанушова со учениците од својата паралелка пред останатите ученици од прво до петто одделение се претставија со краток рецитал и цитати кои се однесуваат на правата и обврските на децата и преку направени букви од зборот другарство и изработено пано за права и обврски.
Во текот на целата недела додека имаше посета на часови дел од одд. наставници реализираа содржини кои одговараат на овој ден, значи планирале за да дадат значење на Светскиот ден на детето.
На 18 ноември беа избрани и наградени 6 ученици, по тројца ученици од конкурс и истите беа наградени со дипломи и енциклопедии за вложениот труд. Во понеделникот на одделенскиот час преку разгласот беше прочитан краток осврт за овој ден и се пофалија наградените ученици.