На 2 декември се одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Организацијата беше на Општина Кочани, а учествуваа сите основни и средни училишта, здруженија на лица со попреченост, бизнис секторот, библиотека „Искра“, Црвен крст од Кочани. Ние како училиште се претставивме со песната За овој свет со која се отвори овој настан, во изведба на ученичката Јана Станкова од VII-3 одд. во придружба на училишниот хор. Со ритмички точки учениците од I-1 одделение под менторство на одд. наставник Фиданка Манчова се претставија со песната „Штом си среќен“ и учениците од четврто одделение под менторство на наставниците Дивна Јанушова и Катица Петрова со песните „Другар“ и „За сите деца“. Во периодот од 30 ноември со 2 декември учениците од II-3 одд. под менторство на одд. наставник Татјана Тодорова реализираа 3 активности со цел да дадат поддршка на ученик од нивната паралелка, дете со посебни потреби. Најпрвин учениците гледаа документарни филмови за лицата со посебни потреби и нивната еднаква вклученост во општествениот и социјален живот, како и за инклузијата на учениците со посебни потреби во воспитно-образовниот процес. Потоа читаа животни приказни за личности со посебни потреби од Република Македонија, како се вклучени во општеството, кои се нивните интереси, што работат, преку книгата „И ЈАС СУМ ТУКА“ и на крај учениците учествуваа во изработка на проект под мотото „УЧИМЕ, ИГРАМЕ И РАСТЕМЕ ЗАЕДНО – СИТЕ НИЕ СМЕ ИСТИ, ПОСЕБНИ И РАЗЛИЧНИ“.