На 14 февруари пред учениците од седмо, осмо и деветто одделение се одржа предавање на тема Холокауст како најава за распишаните три конкурси: ликовен, литературен и дигитална содржина од проектот „Холокаустот низ призмата на детските очи“ кој го организираат Фондот на холокаустот и Меморијалниот центар. Предавањето го извршија директорот на училиштето и предметниот наставник по историја Стојче Ташовски. Учениците можеа да слушнат за тоа што е холокаустот, кој бил опфатен со него, како биле измачувани Евреите и каде ги затварале. Погледнаа и кратко видео за тоа каде биле сместени Евреите во Македонија во тој временски период. Научија повеќе за да можат да учествуваат на распишаните конкурси.