На 21 март беше организирана работилница со цел да се одбележат 3 значајни дати: Денот на пролетта, Денот на екологијата и Светскиот ден на поезијата. На оваа работилница се вклучија ученици од предметна настава под менторство на наставниците по македонски јазик Вера Стојкова, Ана Симонова и Благој Рашков кои читаа свои творби и стихови од македонски автори и ученици под менторство на предметниот наставник Иван Шапков кои инспирирани од она што го слушаа ликовно се изразуваа. Во позадина имаше музика која одговараше на денот. Во меѓувреме учениците од Младинскиот клуб со предметните наставници Анита Стојанова и Сања Павлова Димитрова засадија цвеќиња во училишниот двор. Идејата беше учениците да донесат цвеќиња за засадување и тие самите да засадуваат под мотото „Засади цвет, разубави го цел свет“. Училишниот двор доби нов изглед за Патрониот празник на училиштето.
Почетна Новости Активности Одбележани Денот на пролетта, Денот на екологијата и Светскиот ден на поезијата