Во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ и оваа година се реализираше проектот „Славење на Меѓународниот ден на литературата за деца, Другарувањето со книгата ни е песна – Фестивал на децата, книгата и музиката“. Најпрвин на 28 март со почеток во 12 часот се одржа со трибина на тема „Со знаење и посветеност преку својата дејност го трасираме патот на најмладите“ на која учествуваа тројца наставници. Присутните гости –професори и научници ги истакнаа улогите на книгата и на учителот во развојот на детето и во детскиот свет. Беше промовирана книгата за деца „Чудесен дар во годишен календар“ од авторката Ели Маказлиева. На 30 март 13 ученици од предметна настава беа присутни на промоција на книгата „Откривање на кодот“ од роднокрајната авторка Љубинка Донева. На 31 март се одржа ликовна работилница поврзана со книгата на која учествуваше ученикот Александар Алексов од IX-1 одд. сликајќи на професионално платно поставено на штафелај со акрилни бои. Истиот ден беа доделени награди на учениците Михаил Велков од II-2 одд. – прва награда и Анастасија Богданова од IX-1 одд. – трета награда на распишаниот литературен конкурс, а учениците од четврто одделение под менторство на одд. наставник Дивна Јанушова се претставија со ритмичка точка на песната Другар.