Одбележан 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите

0
264

На 7 април во Мултикултурниот центар се одбележа Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. Од нашето училиште со музички точки се претставија учениците Мила Филипова од VII-3 одд. и Амит Ибраимов од VI-2 одд., а на ликовната работилница учествуваа ученичките Вероника Грозданова и Еда Јакубова од VIII-2 одд. Наградените ученици на распишаниот литературен конкурс на тема: Да се биде Ром и Соживот Јована Велкова, Амит Ибраимов и Еда Арифова од III-3 одд. се претставија со своите литературни творби. За постигнат успех во наставата ваучери добија учениците Амит Ибраимов, Севдим Руја Реџепи, Езел Демиров и Еда Јакубова.