На 1 септември започна уште една нова учебна година во која тргнаа 44 нови првачиња на кои им посакуваме да уживаат во дружбата со наставниците, соучениците, книгите и тетратките. Да другаруваат со буквите и бројките, да научат стихотворби, песни, приказни и сказни, како и да поздравуваат и почитуваат!
Новите првачиња добија подароци за новиот почеток и уживаа во кратката претстава која ја подготвија наставниците и учениците од второ и трето одделение.
Среќно драги првачиња!
