Tuesday, March 18, 2025
ПочетнаНовостиАктивностиОдбележување на 5-ти октомври – Светски ден на учителот

Одбележување на 5-ти октомври – Светски ден на учителот

 На 5 октомври и оваа учебна година како и минатата дадовме значење на одбележување на овој ден – празник за секој учител, наставник, професор. Чествувањето започна со песната Мојата учителка, песна со која ние возрасните растевме и создававме почит кон нашите учители. Преку презентацијата се зборуваше за прогласувањето на овој ден, за првото училиште во нашата држава, за поставувањето на темелите на нашето училиште преку слики како развојно се менува и подобрува преку надворешните и внатрешните промени. Во улога на презентери беа училишниот педагог Марија Филипова и предметниот наставник Катица Петрова.

Осумнаесет ученици од одделенска и предметна настава имаа можност пред присутните гости да кажат мудри мисли кои искажуваат почит кон учителот и неговата благородна професија.

Како резултат на објавениот литературен конкурс се наградија следните ученици:

  1. Јована Велкова од VII-1 одд. – прва награда;
  2. Бисера Филипова од IV-3 одд. – втора награда;
  1. Иван Митров од IV-1 одд. – трета награда.

На објавениот ликовен конкурс се наградија следните ученици:

  1. Лилјана Џамова од V-3 одд. – прва награда;
  2. Елена Павлова од VIII-3 одд. – втора награда;
  3. Јонус Мустафов од V-1 одд. – трета награда.

Од страна на предметниот наставник Ана Симонова беше изготвено едукативно видео во кое учествуваа ученичките Вероника Грозданова, Еда Јакубова и Сара Миткова од деветто одделение кои беа претставени во улога на учители.

RELATED ARTICLES

Most Popular