Денес во Прилеп, градот под Марковите Кули, се одржа Државниот натпревар – Вокална интерпретација, на кој нашиот ученик Амит Ибраимов го ОСВОИ ПРВОТО МЕСТО во конкуренција од 29 натпреварувачи.
Честитки за Амит и за менторот Дарко Ристов.
Посебно сме горди како училиште што повторно сме први на Државен натпревар во период од 4 дена, со што го потврдува континуитетот во развојот и издигнувањето на наставно-образовниот процес во градот Кочани и во нашата татковина.