Интеркултурната размена во детското село Песталоци Троген-Швајцарија продолжува. Нашите ученици заедно со учениците од ООУ,,Никола Карев”, секојдневно учествуваат во работилниците, се здобиваат со знаења и вештини поврзани со правата на децата, со принципите на меѓукултурниот дијалог и комуникација, анти-дискриминација, меѓусебно разбирање, почитување и толеранција на вредностите помеѓу различните култури.
Покрај училишните активности, учениците имаа можност да ги посетат градовите Сент Гален, Констанц, водопадите на реката Рајна, како и Музејот за науки,, Технорама”.
Во изминатите денови темата на учење беше ,,Идентитет”, односно децата истражуваа повеќе за себеси и за другите. Денес и официјално се запознаа со децата од Швајцарија и ова попладне беа со нив. Во следните денови, тие ќе имаат активности заедно.