Saturday, January 18, 2025
ПочетнаНовостиООУ „Раде Кратовче“ ги прогласи најдобрите ученици во генерацијата 2020/2024 година

ООУ „Раде Кратовче“ ги прогласи најдобрите ученици во генерацијата 2020/2024 година

ООУ „Раде Кратовче“ – Кочани денеска на мини свеченост во училиштето ги додели прогласи најдобрите деветтооделенци и ги додели свидетелствата на ученците  во генерацијата 2020/2024 год.

За првенец на генерацијата наставничкиот совет одлучи да биде избран ученикот Јован Божинов, додека Вероника Грозданова и Стојан Велков добија пофалница за постигнатиот успех.

– Нашата мисија како наставнички тим тука завршува, заеднички се искачувавме по деветте скалила, заедно се радувавме на сите ваши успеси затоа што тоа беа и наши успеси, но и подеднакво тагувавме со вас. Секој од нас на различен начин остави белег на вашата личност. Сето тоа беше добронамерно сакајќи да ве збогатиме со знаења, да ве подготвиме што побезболно да влезете во светот на возрасните. Тука се разделуваат нашите патишта, нашата мисија продолжува понатаму, повторно да изградиме ваква успешна генерација како вашата. Сакаме само да ви посакаме да останете доследни на вашиот сон, не само да го сонувате туку и да го живеете. Силно да верувате во себе како што веруваме ние во вас. Трасирајте го патот, не одете по пат кој некој веќе пред вас го изодил, одете таму каде што нема патека и оставете своја трага. Нека не ве колебаат искушенијата, нека ве направат посилни затоа што не е важно колку пати ќе паднете, туку како ќе станете и како ќе се исправите. Успехот не доаѓа сам, вие мора да одите кон него. Затоа цврсто и одлучно чекорете напред!Огромна благодарност упатуваме до Училишниот младински клуб, наставнички Сања и Анита и до наставникот Миле Ивановски за обезбедените подароци, соопшти директорот на училиштето, Глигорчо Гацовски.

RELATED ARTICLES

Most Popular