Едукативно предавање со цел поддршка, разбирање , превенција и правилна нега на кожата

0
19
Училишниот Младински Клуб на прво место секогаш ги има учениците, нивните интереси, предизвици и цели.
По иницијатива на наставничките Сања Павлова Димитрова и Анита Стојанова, а со цел да се даде поддршка и совет за правилен третман на акните во пубертетот, под мотото „ЗАЕДНО ПРОТИВ АКНИ“, Ана Димитровска, магистер по фармација и медицински претставник за брендот BIODERMA денес одржа едукативно предавања за учениците од осмо и деветто одделение.
Во училиштата, поттикнувањето на средина на разбирање и поддршка е од клучно значење. Едукацијата на учениците за акни може да ја намали стигмата и да ги поттикне да побараат совет од дерматолог.
✔️Акните не ја дефинираат личноста!
✔️Вие сте многу повеќе од вашата кожа!
✔️Не сте сами во борбата со акните!
✔️Покажете љубов и грижа за себе!