На 25.12.2018 година во ОУ „Никола Карев“ Кочани се одржа ликовна колонија во рамки на проектот Сите заедно на училиште во соработка со НВО Авена, а целта е да се зголеми опфатот на ученици Роми кои не одат на училиште. Проектот е финансиран од ЕУ. Од нашето училиште учествуваа 8 ученици под менторство на предметниот наставник Елизабета З. Стојанова кои твореа на тема Етничка толеранција. Ученикот Ален Мемедов од VIII-1 одд. со својата ликовна творба освои втора награда.