И оваа година изостанаа шарените прошетки низ градот од цвеќиња, овошја и зеленчуци, ликови од цртаните и приказните, ја немаше смеата и гласното шегување, но сепак учениците ги покажаа своите маски во дворот на училиштето и во своите училници. Да се надеваме дека догодина ќе се врати сјајот на овој ден на кој што учениците му се радуваат.