На ден 02.06.2021 година се одржа состанок со комисијата во состав од тројца наставници: Слободан Зафиров, Саша Ѓениќ и Глигорчо Гацовски, кои како одделенски раководители на деветтите одделенија во централното училиште предложија 4 ученици кои влегоа во потесниот избор и тоа: од IX-1 одд. ученичката Ангела Василкова, Матеја Богатинова и од IX-3 одд. учениците Наталија Михаилова и Михаела Стојанова и училишниот педагог Марија Филипова. Врз основа на изготвениот критериум во согласност со Правилникот за пофалби и награди на учениците во ООУ „Раде Кратовче“ Кочани, беа бодувани предложените ученици и за Првенец на генерацијата беше избрана ученичката Ангела Василкова.
Честитки за Првенецот на генерација Ангела Вaсилкова и за двете наградени ученички Наталија Михаилова и Михаела Стојанова. Да бидат и понатаму успешни и препознатливи!