Од 18 до 22 март учениците од трето до деветто одделение имаа можност да уживаат во театарската престава „Од нашето секојдневие“ во организација на Училишниот клуб на Црвен крст и драмската секција под менторство на предметните наставници Анита Стојанова и Вера Стојкова. Целта на оваа претстава беше да се соберат средства со кои ќе се помогне на ученици од социјално-ранливи категории.

