Пред еден месец училишен прибор, сега принтери добија училиштата вклучени во проектот „Туторска поддршка на ученици Роми кои учат во основното образование во Република Македонија“.
Целта на проектот е да се опфатат учениците кои што по малку заостануваат во совладување на наставните содржини, посебно од програмата Кембриџ по математика и природни науки. Лица тутори ги вршат обуките и ефикасноста е голема. Со реализација на овој проект , а благодарение на добрата соработка со НВО „Авена“ од Кочани и со Ромскиот ресурсен центар како донација добивме принтер, рече Гордана Манева, директор во ОУ „Раде Кратовче“.