International Women’s Day

0
54
Можно е да е слика од текст
По повод International Women’s Day, во рамките на изборниот предмет беше реализирана проектна активност со наслов „Ти си ЖЕНА – тоа е твојата супермоќ“. Активноста беше реализирана од наставничката Катица Петрова заедно со учениците од IV1 одделение.
Целта на активноста беше учениците да ја развиваат свеста за важноста на жената во семејството и општеството, како и да ги поттикнат вредностите на почит, еднаквост и благодарност. Учениците разговараа за улогата на жените во нивниот живот (мајка, баба, наставничка, сестра), споделија мислења и изработија креативни пораки и цртежи посветени на жената како симбол на сила, грижа и љубов.
Преку оваа активност учениците покажаа креативност, почит и разбирање за значењето на жената, истакнувајќи дека да се биде жена е вистинска супермоќ.

Можно е да е слика од срце и текст