Трка за мир

0
274

Во Кочани пристигна факелот со кој се одбележуваше годинешната „Трка на мирот“. Голем број на спортисти, ученици и граѓани од општината Кочани го носеа низ улиците. Според однапред утврдената рута, факелот во Кочани пристигна од Македонска Каменица а беше предаден кај бензинската пумпа на „Мак Петрол“ кај „Атом“. Носен низ улиците „Тодосија Паунов“, „Кеј на Револуцијата“, „Браќа Ставреви“ факелот пристигне пред зградата на Локалната самоуправа. Овде по свеченото обраќање на носителите истиот му беше предаден на Секретарот на Општина Кочани, Петар Апостолов.