Едукативно – рекреативни активност „Патека на клукајдрвчето“

0
303

На ден 24.09.2016 година во организација на Македонско еколошко друштво и ФАРМАХЕМ со подршка од Швајцарска агенција за развој и соработка и Општина Кочани и Шумско Стопанство Кочани, беа организирани едукативно-рекреативни активности на падините на планината Осогово. Беше посетена Патеката на клукајдрвчето која претходно беше одбележана од МЕД. Учесници беа сите ученици од петто одделение и по 4 ученика од шесто одделение, со 5 наставника од нашето училиште. Посетата беше реализирана со цел учениците да се запознаат со буковата шума како природен еко систем и живите организми кои се наоѓаат таму. Учесници во оваа активност беа и членовите на Извидничкиот Одред „Ластовица“ од Кочани.