На 22 Март со почеток во 19 часот се одржа Свечена академија по повод Патрониот празник на нашето училиште, која ги воодушеви присутните гости со сето она што го подготвија нашите наставници со учениците од одделенска и предметна настава. Уживајте во она што следува:
Утредента, на 23 Март се положи цвеќе најпрвин на бистата на нашиот патрон во училишниот двор. Овде наградените ученици ги прочитаа своите творби. Потоа следуваше положување цвеќе на бистите на паднатите борци Раде Кратовче и Љупчо Сантов во градскиот парк.