По повод Светскиот ден на детето 20 Ноември, учениците од I-3 одд. зедоа активно учество во неговото одбележување преку низа активности. Тек на активностите 1-активност Запознавање со куклата – дете Миа. Преку дискусија учениците даваат размислувања за потребите на секое дете. Потоа наставничката Фиданка Манчова истакна дека нивната Миа има доволно храна и вода, но уште е тажна. Преку ,,Бура на идеи“ учениците набројуваа што им е потребно за да бидат среќни: играчки, семејство, училиште и сл. Учениците беа запознаени со ,,Декларацијата за детските права“ и истата беше именувана како посебен детски закон кој мора возрасните да го почитуваат. 2- активност Се изработи заедничко пано како симбол на детските права. Учениците по слободен избор ги обојуваа рацете и ставаа свој отпечаток како симбол на подадена рака кон секое дете.
3-активност За крај се опуштија преку игра и песна. Учениците играа и пееја на детската мелодија ,,А рам ,сам, сам“.
1Светски ден на детето
Под мотото „Децата ги превземаат училиштата“ учениците од II-1 одделение зедоа активно учество во одбележување на Светскиот ден на детето – 20 Ноември, преку повеќе активности. Прва активност: Учениците започнаа со кажување на дел од правата на децата, со кои тие веќе се запознале на часот по општество. Продолжија со читање на уште права од Конвенцијата за правата на детето, при што наставничката Светлана Кралова нагласи дека тоа е еден многу важен документ кој важи за сите деца од целиот свет. Втора активност: Учениците застанаа во круг и добија за задача да размислат што би направиле самите тие за да го подобрат животот на сите деца од целиот свет, доколку би ја имале таа можност, односно доколку тие би владееле со светот. Детето кое прво започна ја кажа својата идеја (пр. здрава храна за сите деца), па подаде топче на друго дете, кое исто така кажа што би направило (пр. чиста вода за пиење), па подаде на трето дете (топол дом, многу играчки, образование за сите деца) итн. Активноста се повтори додека не се изјаснија сите деца. Трета активност: Учениците беа поделени во парови и добија за задача да обојат слики на кои се претставени идеите кои тие самите ги дадоа, за подобрување на животот на сите деца во светот. По боењето, покрај секоја слика ја залепија и соодветната порака, напишана со зборови. Четврта активност: На крајот изработија постер (обоените слики и пораките ги залепија на хамер), кој го изложија на видно место во училницата.