8-ми Април – најважниот ден во историјата на Ромите

0
102

Како дел од проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ од страна на МОН и БРО на ден 05.04.2016 година се одржа предавање на тема 8-ми Април – најважниот ден во историјата на Ромите. Во улога на предавач беше родител од нашето училиште – Серпил Џеладинова вработена како негувател во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“, клон 3. Вклучени во предавањето беа учениците од второ одделение водејќи сметка дека во нивните паралелки има мешан состав на ученици – Македонци и Роми, кои подеднакво се вклучени во сите активности без разлика на етничката припадност. Сите луѓе треба да се почитуваат, за да може општеството да напредува.