Завршен дел од проектот „Превенција од никотиноманија“

0
278

На 16.04.2016 година (сабота) во салата на ОУ „Никола Карев“ со турнир во футсал и доделување на Благодарници за сите учесници кои беа дел од сите досегашни реализирани активности, заврши проектот „Превенција од никотиноманија“. Беа вклучени сите основни и средни училишта со стручни соработници како организатори на активностите, четири ученички во улога на предавачи, а учениците од петто до деветто одделение во улога на слушатели.