Tuesday, March 18, 2025
ПочетнаНовостиУчилишен натпревар од проектот „Еко пакет Македонија“

Училишен натпревар од проектот „Еко пакет Македонија“

На ден 10.05.2016 година (вторник) по втор пат се одржа училишен натпревар како дел од проектот „Еко пакет Македонија“ на кој учество зедоа ученици од V-2 одд. под менторство на одделенскиот наставник Виолета Ангелова, ученици од VII-3 одд. под менторство на наставникот по ликовно образование Елизабета З. Стојанова и ученици од IX-1одд. под менторство на наставникот по информатика Јасмина Ефремова. Прво место освои уметничкото дело изработено од учениците од VII-3 одд. насловено како Шарена приказна, второ место освои уметничкото дело изработено од учениците од IX-1одд. насловено како Вози велосипед и трето место освои уметничкото дело изработено од учениците од V-2 одд. насловено како Дизни еко град.Трите уметнички дела ќе бидат дел од настанот кој ќе се одржи на 31 мај 2016 година (вторник) во Младинскиот Културен Центар (МКЦ) во Скопје, како дел од неделата во која се одбележува Светскиот ден на животната средина.

RELATED ARTICLES

Most Popular