Дводневна обука на 09 и 10 февруари 2017 година во Берово

0
2

Во Берово на 09 и 10 Февруари се одржа дводневна обука на тема „Тим, тимска работа, комуникација во мултикултурно опкружување и решавање конфликти“ на која што учествуваше единствено нашето училиште. Проектот е подржан од Националниот ромски центар од Куманово и Делегацијата од Европската Унија. Обуката всушност претставуваше надоврзување на претходната која што се реализираше во месец декември а се однесуваше на проектот за „Подобрување на учеството на помалите заедници на локално ниво“. -На оваа обука имаше претставници од нашето училиште и тоа училишниот педагог Марија Филипова и одделенскиот наставник Силвана Ивановска, како и претставници од општините Кочани и Куманово. Проектот се имплементира во пет општини од Републиката меѓу кои и нашата. На обуката стана збор за тимовите и тимската работа, ефектите од нив, за методите и стратегиите за ублажување на конфликти, градење сојуз, воспоставување партнерства со најмалку 20 до 25 локално засегнати страни. Акцентот се стави пред се на улогата на тимот во мултикултурното опкружување. Периодот на реализација на проектот е од 01 април 2016 до 30 септември 2017 година во кој период партнерите имплементатори, во соработка со други здруженија на граѓани и претставници на 5 општини, ќе преземат поголем број активности за остварување на општата цел, односно да се воспостават механизми за зголемено учество и заштита на правата на помалите заедници на локално ниво.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме напишете го вашиот коментар!
Ве молиме напишете го вашето име