Одбележување на Денот на планетата Земја

0
136

На 22.04.2017 година, сабота, во нашето училиште се одбележа Денот на планетата Земја. Имено, учениците беа поделени во две групи. Првата група беше составена од учениците од второ одделение, кои под менторство на наставничката по англиски јазик Катица Петрова изработија индивидуални проекти насловени како „Шарена планета“. Втората група составена од учениците од трето одделение под менторство на наставничката по англиски јазик Марија Атанасова изработија групен проект насловен како „Разиграна планета“. Изработката ја помогнаа и одделенскиот наставник Дивна Јанушова, како и хаус мајсторот Анче Јованов. Како резултат на нивното заедничко залагање беше направено изложбено пано, поставено пред кабинетот по англиски јазик, на кое се закажија изработките на сите ученици.