Friday, May 29, 2026
ПочетнаНовостиЕдукативно-креативна работилница „Твориме заедно за Кочани“

Едукативно-креативна работилница „Твориме заедно за Кочани“

На 29.11.2017 година се даде важност на месецот ноември, како месец на борба против болести на зависност, никотизам, алкохолизам и наркоманија. За таа цел ние како училиште со своја активност даваме поддршка во борбата против болестите на зависност. Денешната наша активност се состоеше од два дела: – најпрвин предавање од страна на училишниот педагог Марија Филипова на тема: „Пушењето е штетна навика која доведува до зависност“ и – работилница под менторство на предметниот наставник Елизабета Зафирова Стојанова, на која учениците изработуваа цртежи во различни техники на дадената тема од кои ќе се направи изложбено пано, кое ќе се истакна во училиштето.

 

RELATED ARTICLES

Most Popular