Е-twinning проект „Размена на Божиќни картички“ (Christmas cards exchange 2018)

0
7

 Овој проект започна во септември 2018, а заврши во јануари 2019 година. Целта на овој проект е да се разменат искуства, да се сподели креативноста на наставниците и учениците, да се стекнат нови пријателства и да се дознаат и научат многу нови работи за традициите за Божиќ со земјите членки на Европската Унија. Во овој проект беа вклучени преку 20 земји од Европа, меѓу кои и нашето училиште под менторство на предметниот наставник по англиски јазик Елена Пантова и учениците од 3-5 одделение. За време на проектот споделуваа различни Божиќни приказни, песнички популарни во вклучените земји, фотографии од реализираните Божиќни работилници во кои изработуваа Божиќни картички и ги разменуваа преку пошта со други 10 земји од целната група (Италија, Франција, Романија, Турција, Португалија, Финска, Албанија …). Секоја земја споделуваше презентација за Божиќните традиции со фотографии. Презентациите се праќаа исто така со картичките преку пошта и учениците се запознаваа со традициите и културата на нашите партнер училишта. Учениците со возбуда и среќа ги отвараа пликовите со секој нов добиен плик од нашите пријатели од Европа. На крајот од проектот требаше секоја земја да направи изложба од добиените картички од своите партнер училишта од групата. Од Националната Агенција за подршка од Еразмус + наставничката доби сертификат за квалитет за овој проект.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Ве молиме напишете го вашиот коментар!
Ве молиме напишете го вашето име