Одбележување на Детската недела

0
7

Секоја година, првата седмица од месец октомври им се посветува на децата под мотото Детска недела, а првиот ден од Детската недела е Универзалниот Ден на детето. Детската амбасада секоја година организира активности со цел да се одбележи Детската недела, како организација чија главна мисија се правата и заштитата на децата, организира активности на повеќе полиња. Ние како училиште се придруживме на одбележувањето на Детската недела преку активноста насловена како Насмеани лица, во која беа вклучени 26 ученици од трето, четврто и петто одделение, ученици различни по возраст, пол и етничка припадност, училишниот педагог и образовниот асистент, а се реализираше на 9 октомври. Активноста беше на некој начин поддршка за ученик од нашето училиште кој има потешкотии во видот со кој секојдневно работи образовниот асистент Силвија Марковска, која е вклучена преку програмата Општинско корисна работа, односно со проектот „Добра волја“. Во текот на активноста најпрвин пред учениците се читаа делови од Конвенцијата за правата на детето, се разговараше за нивните права и обврски и се прочитаа две кратки приказни кои се однесуваа на деца со потешкотии. Децата се согласија дека мора да си помагаат во сите ситуации, да ги прифаќаат и почитуваат различностите. На крајот беа со заклучок дека иако различни, сепак се исти бидејќи сите се ДЕЦА. Потоа децата со помош на педагогот и образовниот асистент во група изработуваа кукли со различни фустани и лица, меѓусебно соработувајќи и помагајќи си за да успешно си ја завршат работата. На крајот сите беа задоволни од сработеното. Куклите во фустани наредени како ѓердан ќе бидат истакнати како пано во училницата на ученикот со оштетен вид.